Холивудската актерка, Софија Вергара, иако има 48 години, изгледа како дваесет годишна девојка и важи за една од најубавите жени во светот.
Во последните месеци, Софија честопати споделува и фотографии со спомени од 90-тите години, враќајќи се на почетоците од својата кариера.
Софија објави фотографијата во лежерно издание и без трошка шминка. Актерката позираше додека пиеше кафе во пижами, држејќи го своето куче во рацете.
„Време за кафе“, напиша таа.
Софија доби многу позитивни комплименти за нејзиниот изглед, а фановите и порачаа дека изгледа многу негувано и убаво.
48-годишната Вергара иако страда од хипотироидизам, го одржува своето здравје со балансирана исхрана и редовен тренинг, а тој начин на живот се познава и на нејзиното лице. Таа вели дека мора да вложува дополнителни напори да изгледа најдобро што може, не само поради нејзината професија, туку и поради болестта.