Основачот на „Твитер“ го продава првиот твит напишан 2006 година

Основачот на „Твитер“ го продава првиот твит напишан 2006 година

пред 4 години

Основачот на „Твитер“, Џек Дорси, одлучи да го продаде првиот твит напишан во март 2006 година.

„Само го поставувам мојот твитер“, гласи првиот твит што е некогаш објавен на популарната социјална мрежа. Тој беше понуден како дигитален спомен на страницата Valuables by Cent. За само неколку минути, понудите достигнаа 100.000 американски долари, а во моментов максималната понуда е 2,5 милиони долари.

Твитот на Дорси се продава од декември, но откако тој пред неколку дена го реобјави на својот профил, цената му се зголеми неколку пати.

Купувањето не значи дека твитот ќе се пренесе на профилот на купувачот. Сè уште останува на оригиналниот профил на „Твитер“, но клиентот добива потпишан дигитален сертификат со метаподатоците на оригиналниот твит.

Share
Scroll to Top