Србија подготвена за дигиталните сертификати за вакцинација

пред 4 години

Граѓаните на Србија кои се вакцинирани ќе можат, како што стојат работите, да патуваат во земјите на Европската Унија без ограничувања, и покрај најавеното воведување на ковид-пасоши и дигитални сертификати за вакцинација.

Српската министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, посочи дека Србија ги исполнува техничките предуслови за издавање дигитални сертификати што ќе овозможат безбедно патување на граѓаните вакцинирани против коронавирусот.

Претседателот на Националната асоцијација на туристички агенции (YUTA), Александар Сеничиќ, исто така верува дека Србија лесно ќе ги приспособи своите сертификати за вакцинација на земјите од ЕУ.

„Веќе имаме сертификати за вакцинација со QR-код што е двојазичен и каде покрај името и презимето на тој што е вакциниран, се наоѓа датумот, местото на вакцинација и видот на вакцината. Значи, тој документ може да биде дигитален затоа што има QR-код што треба само да се прочита“, нагласува Сеничиќ и додава дека е потребно само да се преведат имињата и презимињата на вакцинираните на латински јазик.

Share
Scroll to Top