Владата донесе одлука за повторно воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, почнувајќи од утре вечер, 10 март, до 22 март, соопшти премиерот, Зоран Заев.
„Тоа се неполни две недели, некои 12 дена. Ќе го следиме целиот овој процес, секако имаме предвид дека во април следат рамазански пости и други празници“, рече Заев.
Останатиот дел од одлуките, во однос на деталите за движење, работата на економските оператори, меѓународниот, домашниот, авионскиот превоз, како и издавањето дозволи за движење, ќе бдидат соопштени подоцна во текот на денот.
„Ние стоиме целосно подготвени. Ќе има засилени контроли од МВР и од инспекциите, бидејќи очигледно граѓаните се опуштија, а самиот број на заразени граѓани ни алармира дека итно мора нешто да се преземе“, изјави Заев.