(Видео) Пирс Морган по кавгата за Меган, го напуштил студиото и си дал отказ

пред 4 години

Познатиот британски водител Пирс Морган, кој ја водеше утринската емисија „Добро утро Британија“, си поднел отказ по кавгата со неговиот колега во шоуто, на темата интервјуто на Меган Маркл и Хари, кај Опра Винфри.

Морган бил поканет од неговиот колега Алекс Бересфорд во шоуто да го коментира интервјуто на Меган и Хари. За време на разговорот, Морган бил испровоциран од Алекс и станал и си заминал среде снимање. Подоцна медиумите пренесоа дека дал отказ и повеќе нема да го води шоуто.

„Разбирам дека не ја сакаш Меган, тоа многу пати им го соопшти на сите во ова шоу и разбирам дека сте биле приватно поврзани со неа се додека не ве отфрлила. Но, таа има право на тоа ако сака. Дали некогаш таа зборувала за тебе? Не мислам така, а сепак не престануваш да ја клеветиш”, вели Бересфорд во разговорот со Морган.

Во тој момент, Морган станал, кажал дека му е доста и си заминал од сетот.

„По дискусијата со ITV, Пирс Морган одлучи дека сега е време да ја напушти емисијата Good Morning Britain. ITV ја прифати неговата одлука”, се вели во официјалното соопштение.

Share
Scroll to Top