Google го прославува десеттиот роденден на својата Chrome OS платформа со големо ажурирање, овозможувајќи нови функции, подобрена компатибилност, делење на Wi-Fi со Android телефоните и некои функции што ја подобруваат продуктивноста.
Phone Hub е нова кратенка на таскбарота преку неа е можно далечински да се овозможи хотспот за телефонот, да се менуваат режимите на звук, како и да се лоцира телефонот доколку е потребно. Тука ќе биде видлива јачината на сигналот на телефонот, нивото на батеријата и неодамнешните Chrome табови на телефонот.
Wi-Fi Sync сега поддржува повеќе уреди, се додека вашиот телефон веќе има Wi-Fi лозинка, така што нема потреба повторно да ја внесувате на вашиот Chrome OS уред. Google објави дека Nearby Share ќе пристигне на Chrome OS во следните месеци.
На полето на продуктивноста, Chrome OS ја доби Screen Capture функцијата, која поддржува креирање скриншотови и снимање на екранот. Новите снимки ќе бидат прикажани во „Tote“, ново место каде што може да се видат фајловите, скриншотовите, преземените и пинувани фајлови.
Тука се и подобрувањата за Clipboard, Desks алатката за мултитаскинг, Family Link за родителска контрола и многу повеќе. Делењето работи на Chrome OS ќе биде побрзо, а можно е и споделување помеѓу апликациите. Select-to-speak oпцијатаќе го чита текстот на глас, а Chrome OS иконите за апликациите добиваат нов изглед.
Според наводите на Google, M89 Chrome OS ажурирањето ќе пристигне до корисниците на глобално ниво во текот на следните неколку недели.