Состојбата со коронавирусот во Словенија налага ново ограничување низ цела држава

пред 4 години

Владата во Словенија ги продолжи повеќето ограничувачки мерки за уште една недела. Одлуката, како што пишуваат медиумите во оваа земја, доаѓа по редовниот неделен состанок на кој се разговарало за епидемиолошката состојба во земјата.

„Моменталната епидемиолошка состојба во земјата бара ново временско ограничување на територијата на цела Словенија“, објави владата во оваа земја.

Единствената мерка што властите ја олеснија е отворањето на градилиштата од 15 март, а градежните работници можат да се вратат на работа без претходно тестирање.

Share
Scroll to Top