Ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, Јелисавета Владимировна Кривоногих, позната и како Луиза Розова, 18 роденден го прослави во дискотека во Москва, пренесува британски „Сан“.
Западните медиуми пишуваат дека Луиза е вонбрачна ќерка на Путин, нешто што Кремљ досега никогаш не го признал. Таа објави фотографии од забавата на социјалнтие мрежи, како се забавува во друштво, со алкохол и гласна музика. Таа била и главен ди-џеј на забавата.
Медимите пишуваат дека забавата се случила во екот на пандемијата и покрај препораките на властите да се избегнуваат гужви и дека Луиза си дозволила да се забавува, само затоа што е ќерка на Путин.