Секој петти Американец изгубил некого за време на пандемијата

пред 4 години

Дури 20 проценти од Американците рекле дека за време на пандемијата на коронавирус изгубиле роднина или близок пријател, покажала најновата анкета, која ја спровеле Агенцијата „Асошиејтед прес“ и Центарот за истражување на јавноста НОРЦ по повод една година од прогласувањето на пандемијата.

Заедниците со обоена популација се потешко погодени од коронавирусот. Со анкетата е утврдено дека 30 проценти од Афроамериканците и Хиспаноамериканците изгубиле роднина или близок пријател за време на пандемијата, додека тој процент меѓу белците е дури двојно помал – 15 проценти.

Утврдено е дека опаѓа загриженоста кај јавноста поради вирусот, како и дека фрустрацијата поради примената на санитарни мерки изразуваат дури и луѓе кои се во жалост поради загуба на некого за време на епидемијата.

Иако вакцините несомнено водат кон завршување на пандемијата, една третина Американци не планираат да се вакцинираат, а во тоа предничат младите луѓе, граѓани без факултетски дипломи и Републиканци.

Бројот на починати од Ковид-19 во САД достигна 529.000.

Share
Scroll to Top