Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради дефект на приклучна цевка од Ф-1 цол на улицата Букурешка бр. 59, во периодот од 9 часот, па сè до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од улицата Букурешка (општина Карпош).
Исто така, денеска, поради изведување водоводен приклучок од Ф-100 мм на улицата Дамаска бр. 15, во периодот од 10 часот, па сè до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од улицата Дамаска (општина Карпош).