Мисајловски: Велат дека се транспарентна влада, но скандалот со вакцините сакаат да го скријат под тепих

пред 4 години

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, околу написите во весникот „Ла Верита“ поврзани со набавката за вакцините изјави дека тоа е огромен скандал кој, како што кажа, власта пробува да го стави под тепих.

Според него, наводите за обиди да се потпише договор со фантомски фирми, се предзнак дека целта била заработка на многу пари од вакцините, кои како што кажа, населението едваj ги чека.

„Велат дека се транспарентна влада, но пробуваат некако под тепих да го стават сето ова. Излегоа многу информации, шпекулации во весниците, во медиумите, но власта гледа некако да се извади од сето ова и слушнавме едно бедно соопштение или изјава, дека не се потрошиле пари за таа намена. Но тие пробале, тоа е најголемиот проблем, тие пробале преку фантом компанија некоја од Хонгконг или не знам од каде, која што не работи воопшто со фармација, со вакцини, да набават вакцини. Зошто тоа го направиле? Што сакале да постигнат? Јас еднаш во минатото кажав дека секогаш кога сакате да земете голема количина на овие вакцини мора да потпишете договор со компанијата, односно државата мора да потпише договор со компанијата. Зошто пробувале оваа власт или неколкумина од власта да потпишат некои договори со фантомски фирми и дали е тоа предзнак дека сакале да заработат многу пари од вакцините што населението едвај ги чека? Тоа се прашања на кои треба да дадат одговор овие од власта, но јас ќе им кажам една работа, да внимаваат што кажуваат и да не претеруваат со лажење бидејќи уште многу работи допрва ќе испаднат“, истакна Мисајловски.

Share
Scroll to Top