(Фото) Не платил патарина, па полицијата му го запленила скапото Ламборџини

(Фото) Не платил патарина, па полицијата му го запленила скапото Ламборџини

пред 4 години

Неделава британската полиција објави дека запленила скап автомобил Ламборџини, модел Авентадор СВ, вреден над 350.000 евра, кој што го заплениле заради даночен прекршок.

Полициски службеници патролирајќи по патот на Островот Вајт, го забележале скапиот Lamborghini Aventador SV. Откако го застанале за регуларна проверка на документи, сватиле дека мора да го запленат автомобилот.

Сопственикот на Авентадорот не платил патарина во август лани, како што објави Јаху њуз, што претставува сериозно прекршување.

Таксата за патарината зависи од емисијата на издувни гасови, а најскапата тарифа е 2175 фунти за првата година и 150 фунти за секоја наредна година. За возилата поскапи од 40.000 фунти, што дефинитивно го вклучува овој Ламбо, сопственикот требало да плати дополнителни 325 фунти годишно. Кога сето тоа ќе се собере, сопственикот на ова Ламборџини должел 475 фунти.

Сопственикот сега ќе мора да го плати целиот долг и казната , а автомобилот ќе му биде вратен по донесената потврда за плаќањето.

Share
Scroll to Top