Седница на Советот за безбедност: Во фокусот стратешките набавки во АРМ

пред 4 години

Информација за стратешките набавки во АРМ во наредниот период, била темата на денешната седница на Советот за безбедност во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, информираат од неговиот Кабинет.

На 11-та седница беа разгледани проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната предвидени со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности на одбраната 2019-2028 година, во согласност со интеграцијата во колективниот систем на одбраната на НАТО, известуваат надлежните.

Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба, информираат од кабинетот на Пендаровски по завршувањето на седницата.

Share
Scroll to Top