Инкасатор од Неготино трошел пари од наплата на сметки, негови колеги го потпомагале

пред 4 години

Службено лице-инкасатор од Неготино се служело со парите кои ги земал при наплата на сметки од граѓаните.

Предизвикал материјална штета од 250.631 денари, информираат од МВР.

Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против лицето С.Л.(46) од Неготино, службено лице – инкасатор, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“, С.Д.(44) од Неготино -раководител на административното одделение и М.А.(60) од Велес – одговорен благајник, вработени во ЈПКР „Бошава“- Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, додаваат од ресорното министерство.

Од таму објаснуваат дека првопријавениот, во периодот од 2019 до декември 2020 година, кај себе чувал наплатени сметки и не доставени од најразлични корисници, кои не ги предал во разумен временски период и неовластено се послужил со парични средства кои што ги наплаќал од корисници-физички лица на претпријатието за комунални услуги, користејќи ги за сопствени цели.

С.Д. и М.А. со искористување на својата положба и овластувања и со неизвршување на службени должности во ЈПКР, го потпомагале првопријавениот, со што на претпријатието му предизвикале материјална штета од 250.631 денари.

Share
Scroll to Top