Алијанса за албанците до Османи: Вашата влада се обидува да и ја затвори устата на албанската опозиција

пред 4 години

Од Алијанса за албанците-Алтернатива одговорија на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на блокирањето на собранието од опозицијата.

„Го потсетуваме Бујар Османи дека Собранието во која била демократска држава е овластено да ја изразува волјата на народот, како и донесување на најдобрите закони за застапување на интересите на граѓаните. Го потсетуваме и на етимологијата на зборот од глаголот „парлер“ што значи „местото каде што се зборува“, додека вашата Влада постојано се обидува да им ја затвори устата на албанската опозиција и да ја замолчи за значајни и хумани прашања, како што е тоа државјанството, што Вие како политички субјект никогаш не сте го подигнале како проблем во овие 20 години“, реагираат од оваа коалиција.

Од таму сметаат дека досегашната влада прави како што велат политички игри.

„Вашата влада која се обидува на секој начин да ги поткупи пратениците од опозицијата, затоа што веќе не е во можност да постои ова парламентарно мнозинство. Ние сме ја докажале нашата конструктивност кога станува збор за закони за општото добро на граѓаните, но кога сте арогантни кон нашите легитимни и природни барања, тогаш мора да ве демаскираме од вашата политичка моќ, која се состои од мнозинство која не може да стои на свои нозе“, додаваат од Алијанса за албанците-Алтернатива.

Share
Scroll to Top