Ватерполо или бокс? Брутална пресметка во базенот во Загреб

Ватерполо или бокс? Брутална пресметка во базенот во Загреб

пред 4 години

Ватерполото никогаш не важел за многу „нежен“ спорт, но понекога знае да се претера. Ватерполистите на Југ со 11:10 го совладаа Младост во дербито во хрватската ватерполо лига во неделата, но мечот остана во сенка на неверојатната пресметка во базенот.

На почетокот на втората четвртина, хрватскиот репрезентативец и ватерполист на Младост, Ловре Милош прво го давеше грчкиот ривал од Југ, Александро Папанастасиу, по што му упати директен удар во главата. По ова исклучување, Југ даде три гола за да ја заддржи предноста до крај.

Папанастасиу денеска се „пофали“ со модринката која ја доби од пресметката.

Share
Scroll to Top