Еден ден откако американските медиуми објавија дека Џенифер Лопез ја раскинала веридбата, се огласи и самата пејачка на својот Инстаграм профил.
Таа објави рап песна, со монтирано видео од нејзини фотографии, преку кое ипраќа порака:
„Гледајте си ја вашата работа“.
Во првите два часа видеото било прегледано повеќе од милион и пол пати, а пораките кои ѝ ги оставиле се поддршка и воодушевување: „Кажи им, кралице“, „Покажи им како се прави тоа“, „Запаметете дека таа е од Бронкс“, се само дел од коментарите.
Инаку, пејачката во моментов e во Доминиканската република, каде што снима филм.