Нов скандал во Токио, поднесе оставка поради „Олимпиг“ изјавата

Нов скандал во Токио, поднесе оставка поради „Олимпиг“ изјавата

пред 4 години

Креативниот директор на Олимписките игри во Токио, Хироши Сасаки, поради непримерни коментари, поднесе оставка на функцијата. Ова е втор ваков случај за кратко време, кој се случи во организацискиот одбор, откако првиот човек Јоширо Мори, во февруари, поднесе оставка поради сексистички коментари.

Сасаки, минатата година, во група на една апликација, навредил позната јапонска комичарка. Преписките во групата, пред неколку дена беа објавени во јапонските медиуми.

Сасаки, ја коментирал телесната тежина на комичарката Наоми Ватанабе. Тој напишал дека Ватанабе треба да настапи на олимписките игри како „Олимпиг“ и дека на церемонијата на отворањето на Игрите треба да носи свински уши.

Инаку Ватанабе во Јапонија е познатат што го промовира позитивниот став кон дебелите луѓе преку нејзиното движење „Дебел и сладок“.

Share
Scroll to Top