Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, ja информира јавноста дека донел одлука за одложување на конгресот закажан за 28 март во Скопје.
Како што велат од оборот, ваквата одлука е донесена заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки.
„Навремено ќе ги информираме делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“, се наведува во краткото соопштение за одлагањето.
Иницијативниот одбор бара оставка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и избор на ново раководство преку вонреден конгрес.