Вилијам Брнс е новиот директор на ЦИА

пред 4 години

Американскиот Сенат едногласно го потврди назначувањето на дипломатскиот ветеран Вилијам Брнс за нов директор на ЦИА, веднаш откако сенаторот Тед Круз, републиканец од Тексас, го повлече своето противење на неговата номинација.

Брнс е поранешен амбасадор во Русија и во Јордан, кој повеќе од 30 години служеше во Стејт департментот и под демократските и републиканските претседатели.

Минатиот месец, тој вети дека ќе и обезбеди „недопрени“ разузнавачки информации на Белата куќа.

На тоа сослушување, тој ја опиша Кина како „најголемиот геополитички тест“ за САД и рече дека Русија, иако на некој начин е светска сила во опаѓање, сепак претставува нарушувачка и силна закана, пренесува АП.

Share
Scroll to Top