Петар Богојески од Македонски концепт ги повика премиерот, Зоран Заев, и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, да лобираат кај македонските иселеници за помасовно попишување.
„Ги повикувам Заев и Димитров да излезат од конформата зона и да тргнат по македонската дијаспора, масовно да се попише. Секако доколку им дозволат Артан Груби и Бујар Османи”, вели Богојески.
Македонски концепт бара продолжување на рокот за попис на дијаспората поради настанатите технички проблеми на електронскиот систем за попишување, со што ќе им се даде можност на сите иселеници да се попишат.
Дополнително од Македонски концепт бараат Владата и Државниот завод за статистика да овозможат електронско попишување на населението во државата исто како и дијаспората. На овој начин, велат од таму, ќе ги заштитат здравјето и безбедноста на граѓаните и ќе се спречи дополнително ширење на вирусот Ковид-19.