Филипче: Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните да бидат спокојни

пред 4 години

Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни, рече министерот за здравство, Венко Филипче, кој имаше работен состанок со директорите од Клиниките на УКЦ „Мајка Тереза“ и ГОБ „8 Септември“.

Од Министерството информираа дека на состанокот се разговарало за моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал.

Од МЗ велат дека системот е целосно организиран, се обезбедуваат дополнителни болнички кревети за ковид пациенти и иако повеќето Клиники стануваат ковид центри продожува да тече редовниот програм за итните случаи и пациентите со малигни заболувања.

„Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни, министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните. Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници“, рече министерот.

Share
Scroll to Top