Еден од најпопуларните македонски хип-хопери, Марко Маринковиќ Слаткар и неговата сопруга поранешната мис на Македонија, Сања Николиќ, викендов го искористија да бидат заедно со синот Моша. Сања објави и видео како Моша ги направил првите чекори.
Двајцата се венчаа во 2014 година, а станаа родители во 2020. Марко за „Репортер“ ни кажа дека одлично се снаоѓа во улогата на татко.
„Заради ситуацијата со пандемија, дома сме по цел ден. Се снаоѓаме супер, ако сме само двајцата. Моша е лесен за чување, а Сања е најдобрата мајка на светот“, ни кажа Марко.







