Фонсека: Немаме менталитет да се бориме за ЛШ

Фонсека: Немаме менталитет да се бориме за ЛШ

пред 4 години

Рома полека ја губи трката за место во Лигата на шампионите. Наполи, синоќа, во Рим ја победи Рома со 2:0. „Волчицата“ е пет бода оддалчена од четвртото место, на кое се наоѓа Јувентус.

Дека пласманот во Лигата на шампионите преку Серија А е невозможна мисија за Рома, свесен е и тренерот Паоло Фонсека.

„Веројатно немаме менталитет да се бориме за Лигата на шампионите. Во првото полувреме видов тим без храброст, поинакви бевме во второто полувреме“, рекол Фонсека.

Рома, може да дојде до Лигата на шампионите и преку Лига Европа, во четврт-финалето „волчицата“ ќе игра против Ајакс.

Share
Scroll to Top