Чалханоглу: Имам тетоважа од лав поради Галатасарај

Чалханоглу: Имам тетоважа од лав поради Галатасарај

пред 4 години

Фудбалерот на Милан, Хакан Чалханоглу вели дека би сакал еден ден да стане фудбалер на Галатасарај, откривајќи дека има тетоважа на лав поради истанбулскиот клуб.

Чалханоглу е роден во Манхајм, Германија, и цела кариера пред трансферот во Милан играл само во германски клубови (Карлсруе, Хамбургер, Баер Леверкузен).

„Се надевам дека во иднина ќе се оствари и тоа и ќе заиграм за Галатасарај. Секогаш сум навивал за нив и имам тетоважа на лав поради нив“, изјави Чалханоглу при пристигнувањето во Турција за репрезентативните обврски.

Договорот на 27-годишниот Чалханоглу со Милан завршува на крајот на сезоната, но „росонерите“ се сигурни дека се блиску до договор и покрај интересот на повеќе клубови како Јувентус и Манчестер јунајтед.