Децата до 10 години кои се опоравиле до Ковид-19 имаат повеќе антитела од возрасните

пред 4 години

Децата под десетгодишна возраст имаат поголемо ниво на антитела од адолесцентите и возрасните откако биле заразени со коронавирус, покажува студијата чии резултати беа објавени во понеделникот во научното списание„Џама“ (JAMA).

Овој стручен труд делумно може да даде одговор на прашањето што научниците сè уште активно го проучуваат: зошто децата се помалку погодени од симптоматски форми на Ковид-19?

Телото природно произведува антитела во присуство на вирус за да се бори против него и да го уништи.

Истражувачите анализирале повеќе од 31.000 серолошки тестови (мерења на присуството на антитела во крвта) спроведени во Њујорк помеѓу април и август 2020 година. Тие се фокусирале на позитивните резултати од тестовите што укажуваат на опоравување од инфекција со Ковид-19.

Според овие резултати, кај децата на возраст меѓу една и 10 години се развиле средни нивоа на IgG антитела, кои биле значително поголеми отколку кај возрасните.

IgG е вид на антитела што се наоѓаат во меѓуклеточниот простор и штитат од инфекција. Со докажување на присуството на ова антитело, може да се покаже дека имало претходно заболување или дека е извршена вакцинација.

Во исто време, најниско ниво на IgG антитела е забележано кај помлади возрасни лица на возраст меѓу 19 и 30 години, а причините за ова се уште не се јасни, велат авторите на студијата.

Децата до 10 години кои се опоравиле до Ковид-19 имаат повеќе антитела од возрасните

Анализите биле извршени на помал број примероци од крв земени од деца, адолесценти и млади возрасни лица, а имала за цел да го спореди имунолошкиот одговор кај различни возрасни групи.

Се покажало дека просечните нивоа на IgG антитела се двојно повисоки кај деца на возраст од една до 10 години отколку кај адолесценти (од 11 до 18 години), а меѓу нив се двојно повисоки во споредба со помладите возрасни лица (од 19 до 24 години).

Авторите додаваат дека е важно да се забележи уште една работа: откриено е дека серолошките тестови биле позитивни кај сличен процент на деца и адолесценти, во споредба со возрасните.

„Ова укажува на можноста дека децата, дури и кога ќе развијат блага слика на болеста, би можеле да претставуваат огромен извор на вирусот и неговото пренесување“, стои во заклучокот од истражувањето.

Share
Scroll to Top