Бекам со поддршка за поранешниот соиграч: Оле завршува фантастична работа

Бекам со поддршка за поранешниот соиграч: Оле завршува фантастична работа

пред 4 години

Дејвид Бекам вели дека неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер завршува „фантастична работа“ на „Олд Трафорд“ и дека треба да му се даде време да изгради тим за титули.

Бекам и Солскјер играа седум сезони заедно во Јунајтед од 1996 до 2003 година, освојувајќи пет титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите. Јунајтед оваа сезона има подобрување во пласманот, но испаднаа во групната фаза од Лигата на шампионите, и единствена шанса за титула им останува во Лига Европа.

„Видов некои критики за Оле, но кога си менаџер на Манчестер јунајтед, клуб што имаше толку успеси во минатото, луѓето секогаш очекуваат многу и критиките се тука. Оле е доволно долго во спортот да ги поднесе тие критики. Да, тој е тивок, си ја работи својата работа и мислам дека е фантастичен. Резултатите полека доаѓаат, фановите го сакаат и јас го сакам многу и сакам да успее“, вели Бекам во интервју за „ЕСПН“.

Share
Scroll to Top