Груби со повик до турската заедница во земјата да го поддржи пописот

пред 5 години

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска имаше средба со претставници на турската заедница во земјата во врска со пописот.

Како што информираат од ресорното министерство, Груби и претставниците на турската заедница преку средбата го повикуваат населението масовно да се регистрира бидејќи е важно секој граѓанин и заедница да се регистрира.

„Потребно е преку личности кои имаат влијание во општеството да се пренесе пораката до секој граѓанин за важноста на овој процес“, било посочено на средбата.

Share
Scroll to Top