Зверев е лут на АТП: Федерер пред мене – ова е безмилосно!

Зверев е лут на АТП: Федерер пред мене – ова е безмилосно!

пред 4 години

Германскиот тенисер, Александер Зверев (23) го освои тенискиот турнир во мексикански Акапулко и еден е од главните фаворити за трофејот на Мастерсот во Мајами.

Момчето од Хамбург стигна со 14-тиот трофеј во кариерата, но нема дилеми дека сака се уште да напредува.

Пред почетокот на турнирот на Флорида тој е седмопласиран на АТП листата. За него рангирањето на листата на најдобри светски тенисери е безмилосно.

На Германецот не му е јасно како е можно Роџер Федерер, кој за 13 месеци одигра само два турнира, да е пред него на АТП листата иако Зверев освои две титули и играше финале на САД опен во изминатата година.

„Знам што би менувал, но воопшто не е важно моето мислење. АТП или кој и да е надлежен воопшто не го интересира моето мислење, да бидам искрен. Без никој да се навреди, мислам дека таму има играчи кои слушаат повеќе, можеби затоа што се поголеми шампини и заслужуваат нивниот глас да се чуе повеќе“ рече Зверев.

Поддршка има од колегата Андреј Рубљев кој единствен минатата сезона, заедно со Новак Ѓоковиќ, имаше 41 победа.

Share
Scroll to Top