Александар Јосифовски од Охрид, кој неодамна со своите настапи ги украде симпатиите на сите во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, овој пат вели дека ја имал среќата заедно да настапи со членовите на легендарната музичка група „Дивље Јагоде“.
Тој вели дека е миленик на рок-музиката и дека уште од мал сон му било да пее со една од најдобрите музички групи на балканот.
Под менторство на Џорџе Давид, Александар ја имаше можноста да биде дел од концертната емисија која се одржа под водство на легендарниот Желе Липовац.
„Учеството во „Ѕвездите на Гранд“, па преку рокенролот, ме донесе до настап со „Дивље Јагоде“. Благодарение на мојот ментор Ѓорѓе Давид, мојот сон стана реалност. Тука заслуга има и целото жири кое ми дава поттик да дадам сè од себе во она што го правам најдобро“, изјавил Александар.
За потсетување, Александар во неговиот последен настап во музичкото шоу, ги освои симпатиите на сите членови на жирито, особено на пејачката Јелена Карлеуша, која на крајот стана и му честиташе, додавајќи дека тој ќе биде голема ѕвезда.
Извор/Скопје24
(Видео) Охриѓанец го купи жирито на „Гранд“: Ти ќе бидеш идна ѕвезда, му рече Карлеуша