Бразилците воведоа револуционерно правило

Бразилците воведоа револуционерно правило

пред 4 години

Бразилските клубови го поддржаа револуционерниот предлог на Фудбалскиот сојуз, кој на ја ограничува смената на тренерите во една сезона. Според ова правило, клубовите, во текот на една сезона, ќе можат да отпуштат само еден тренер. Исто така се менува и правилото за тренерите, во една сезона тие само еднаш ќе можат да поднесат оставка.

Доколку клубот му врачи отказ на тренерот, до крајот на сезоната екипата ќе може да ја предводи само тренер кој најмалку шест месеци е вработен во клубот. Клубот ќе може да донесе нов тренер само во случај тренерот да поднесе оставка, во тој случај тренерот нема да може да се пресели во друг клуб додека трае сезоната.

„Сакаме да ги заштитиме тренерите и да го вратиме спокојот во нашиот фудбал. Сега тренерите ќе можат без дополнителни притисоци да си ја вршат работата. Сметаме дека ова ќе му помогне на бразилскиот фудбал“, рекол првиот човек на бразилскиот сојуз, Рожерио Кабокло.

За предлогот биле 11, а против него девет клуба.

Share
Scroll to Top