Заврши преодниот во НБА лигата – Најактивни беа Орландо Меџик

Заврши преодниот во НБА лигата – Најактивни беа Орландо Меџик

пред 4 години

Заврши преодниот рок во НБА лигата. До крајот на сезоната клубовите нема да можат да прават промени во составите. Се очекува само Андре Драмонд и Ламаркус Олдриџ да ги одберат новите тимови. Договорите на овие двајца ги откупија нивните клубови Кливленд и Сан Антонио и тие можат за минимална плата да потпишат договори.

Најактивни последниот ден беа во Орландо Меџик. Тимот го напуштија тројцата најдобрии играчи: Никола Вучевиќ, Еван Фурние и Ерон Гордон.

Сите трејдови кои се реализираа последниот ден.

– Српскиот репрезентативец Немања Бјелица од Сакраменто се пресели во Мајами. Во спротивна насока заминаа Крис Силва и Мо Харклес. Мајами донесео уште еден проверен играч. Во замена за Кели Олиник и Ејвори Бредли, во мајами пристигна Виктор Оладипо.

– Денвер од Орландо ги донесоа Ерон Гордон и Гери Кларк, а во Орландо ги испратија Гери Херис, Ар Џеј Хемптон и пик од првата рунда на драфтот што ќе се одржи во 2025 година. Исто така Денвер го донесоа и Џавал Меги од Кливленд, а Кавалирс го добија Ајзеа Хартенштајн ипик од втората рунда на драфтот.

– Никола Вучевиќ кариерата ја продолжува во Чикаго Булс. Заедно со Вучевиќ во Чикаго се пресели и Фарук Амину. Чикаго на Флорида ги испрати Вендел Картер, Ото Портер и по еден пик од драфтовите во 2021 и 2023 година.

– Орландо останаа и без Еван Фурние. Францускиот репрезентативец се пресели во Бостон Селтикс, во замена за два пика на драфтот и ветеранот Џеф Тиг.

– Џорџ Хил е нов играч на Филалделфија. Во Оклахома, во замена за Хил заминаа Тони Бредли и Остин Риверс.
-Режон Рондо се врати во Лос Анџелес, но до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Клиперси. Атланта Хокс за Рондо го добија Лу Вилијамс, два пика од втората рунда.

– Ветеранот Џеј Џеј Редик и Николо Мели од Њу Орлеанс се преселија кај Лука Дончиќ во Далас. Во Њу Орлеанс се преселија Џејмс Џонсон и Вес Ијунду. Во Далас од Сан Антонио пристигна Треј Лајлс.

– Родни Худ и Гери Трент јуниор се нови играчи на Торонто Репторс. Портланд го доби од Торонто Норман Пауел.

– Бостон го испрати Даниел Тајс во Чикаго Булс, а Бред Вонамејкер во Шарлот Хорнетс.

– Голден стејт Вориорс го добија од Сан Антонио Кеди Лајлен, а во Тексас го испратија Маркиз Киз.

Share
Scroll to Top