199 возачи во Скопје биле казнети поради прекршување на сообраќајните правила, информира министерството за внатрешни работи.
Меѓу нив за возење над дозволената брзина казнети биле 32 возачи, 16 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
13 казни биле изречени за користење мобилен телефон, седум за минување на црвено светло, три за непочитување на првенство на минување, седум за некористење сигурносен појас и 68 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, нагласуваат од МВР.
Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.