Сензација на мастерсот во Мајами – елиминиран е голем фаворит!

Сензација на мастерсот во Мајами – елиминиран е голем фаворит!

пред 3 години

Германскиот тенисер Александер Зверев го заврши своето учество на Мастерсот во Мајами веќе по првиот меч. Моментно седмиот светски тениски рекет е елиминиран од Финецот Емил Русовори кој славеше со пресврт 2-1 (1:6, 6:3, 6:1).

Ништо на мечот не наговестуваше ваков епилог откако во првиот сет Зверев буквално го „газеше“ 83-от светски играч.
Сепак во вториот сет Русовори ја доби „војната на брејкови“ и го однесе мечот во трет сет. Зверев загуби дури четирипати на свој сервис во овој сегмент, па пресвртот беше неминовен.

Русовори со силни удари во третиот сет го „бомбардираше“ Германецот.

Во осминафиналето финскиот тенисер ќе игра против Швеѓанецот Микел Имер кој со 2-1 беше подобар од Грузиецот Николоз Басилашвили.

Share
Scroll to Top