Во два вооружени инциденти во Вирџинија убиени две а ранети осум лица

пред 4 години

Две лица загинаа, а осум се повредени во два вооружени инциденти на океанскиот брег на плажата Вирџинија, соопшти денеска полицијата.

Пукањето се случило синоќа околу 23 часот по локално време, а додека полицијата спроведувала истрага, било пријавено дека повторно одекнале пукања во близина.

На тоа место дошло до размена на оган меѓу полицаецот и напаѓачот, при што напаѓачот бил убиен, пренесува АП, додавајќи дека полицаецот не бил погоден.

Уште едно лице, за кое полицијата верува дека учествувало во неповрзано пукање, било прогласено за мртво на местото на настанот.

Полицијата ги истражува двете престрелки како одделни инциденти. Неколку лица се приведени, но сè уште се испитува нивната можна вмешаност.

Share
Scroll to Top