Сергеј Барбарез: Фала Белград, а ти БиХ политико–гордеј се со идиотизмот!

Сергеј Барбарез: Фала Белград, а ти БиХ политико–гордеј се со идиотизмот!

пред 4 години

Легендариот фудбалски репрезентативец на БиХ, Сергеј Барбарез на Твитер ја прозва Владата на својата земја поради страшната корона криза која владее во оваа земја.

Неговата сестра и мајка се вакцинирале против Ковид 19 во Србија, а екс-фудбалерот на бундеслигашите Хановер, Херта, Борусија, Хамбургер и Баер Леверкузен се заблагоари на соседите.

„Ти благодарам мој Белград од срце затоа што им даде шанса на мојата мајка и сестра да се вакцинираат, а со самото тоа им даде шанса за подобар живот. А ти БиХ политико, поединечно да не ве набројувам затоа што тоа не сте го ни заслужиле, гордеј се и понатаму со својот идиотизам и со своето незнаење“ – напиша Барбарез на Твитер.

БиХ е во катастрофална состојба кога е во прашање пандемијата на Ковид 19. Владата на оваа земја се уште не започнала со вакцинација, а дел од граѓаните тоа го сторија во соседна Србија.

Share
Scroll to Top