Чешка без главните играчи со Белгија – проблем прават бундеслигашите

Чешка без главните играчи со Белгија – проблем прават бундеслигашите

пред 4 години

Клубовите од германската Бундеслига одбиле да ги пуштат четворицата репрезентативци на Чешка на денешниот квалификациски дуел против Белгија затоа што се плашат дека фудбалерите ќе мора да бидат во карантин по враќањето во Германија.

Капитенот на селекцијата, играчот од средниот ред на Херта, Владимир Дарид, напаѓачот на Баер Леверузен, Патрик Шик, дефанзивецот на Хофенхајм, Павел Кадерабек и голманот на Вердер, Јиржи Павленка беа во стартниот состав во средата против Естонија.

„Германските власти не можат да потврдат дека репрезентативците нема да одат во карантин по враќањето во Германија. Поради тоа Владимир Дарид, Патрик Шик, Павел Кадерабек и Јиржи Павленка ќе го играат само мечо против Велс, во вторник“ се вели во соопштението од ФС на Чешка.

Чешка ја совлада Естонија со 6-2 на стартот на квалификациите за Мундијалот, а Белгија со 3-1 беше подобра од Велс.
Мечот се игра вечерва со почеток од 20.45 часот.

Share
Scroll to Top