Променливо време и дожд, па големо затоплување пред крајот на неделата

Променливо време и дожд, па големо затоплување пред крајот на неделата

пред 4 години

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека до среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец.

УХМР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе биде од 14 до 22 степена.

За наредните три дена прогнозира максимална температура од 21 степен. Кон крајот на неделата температурите ќе бидат во пораст, па во четврток и во петок се очекува да надминат 25 степени, а за викендот ќе има дополнителен пораст на температурите.

Share
Scroll to Top