Македонија го освои планираните бодови против Лихтенштајн, во квалификациите за Светското првенство во Катар. Избраниците на Игор Англовски славеа со 5:0, во дуелот со аутсајдерот во Ј-групата.
Натпреварот ја обележа непримерната прослава постигнатиот гол од страна на Илија Несторовски. Напаѓачот на Удинезе постигна гол од пенал, а потоа пцуеше во камерата.
Потегот ја крна на нозе јавноста, која бара од селекторот да го отстрани Несторовски од репрезентацијата.
Откако самиот си направи штета, Несторовски се огласи на Инстраграм.
„Навредата беше намената за три личности, кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“.