Француското електро дуо Justice, потегнало правни мерки за да го реши проблемот кој настанал околу името и логото на новиот албум на канадскиот пејач Џастин Бибер.
Тие велат дека постои голема сличност помеѓу логото на бендот и она што се појавило не само на корицата, туку и на придружната содржина поврзана со албумот.
Иако од издавачката куќа на групата Justice, на почетокот се пошегувале на сметка на сличноста на фонтовите, групата на крајот одлучила да покрене правни мерки за заштита на својот знак.
„Тоа утро кога Бибер го објавил својот албум, веста и сличноста тешко можеше, а да не се забележат. Покрај тоа што го видовме на интернет, слушнавме од стотици обожаватели дека сличноста постои и многумина не прашуваа дали можеби станува збор за соработка“, менаџерот на групата Тејлор Голдберг.
Тие имаат свое стилизирано лого со крст комбинирано со зборот правда и истото е заштитено во Франција и ЕУ, а секоја неовластена употреба е незаконска.
Дополнителен проблем е тоа што менаџментот на Бибер е свесен за постоењето на бендот и нивното лого. Тие сакале и да стапат во контакт со авторот, за да можат да го ископираат за албумот на Канаѓанецот.