„Можеби претерав“, вели велосипедистот кој повраќаше за време на трка

„Можеби претерав“, вели велосипедистот кој повраќаше за време на трка

пред 4 години

Ирскиот велосипедист Сем Бенет вели дека инцидентот при кој повраќаше на пролетната класична трка Гент-Вевелгем во Белгија е негова вина, бидејќи јадел премногу пред трката.

Пролетните класици во Белгија, Франција и Холандија, се познати по својата бруталност, бидејќи честопати се вози на калдрма, на лоши патишта, и 30-годишниот ветеран беше во игра за топ 10 пласман пред инцидентот по што падна на 55. место на финишот.

„Малку претерав и иако останав на велосипед, платив подоцна со тоа што нозете ми беа полни со млечна киселина. Исто така згрешив што јадев многу во текот на трката бидејќи сакав да имам енергија, така што стомакот ми беше хаос. Тоа го видовте сите. Кога одите од еден екстрем до друг, на крајот сте празни“, вели Бенет.

Бенет инаку заврши три трки во последните осум дена, со 751 километри, во кои на една победи, на втората му се дупна гума, а на третата, едноставно поврати. Тежок спорт.

Share
Scroll to Top