Министерството за здравство ја информира јавноста дека во денешниот дневен извештај за коронавирусот во изминатото деноноќие има ненамерна грешка.
„ Имено, во извештајот нема починат пациент на 22 годишна возраст од Струга, односно починатиот пациент од Струга има 72 години“ велат од министерството.
Во изминатите 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи, како и 41 починат што е најголем број на починати во овој нов, трет бран. Во декемри минатата година имаше рекордни 46 починати во еден ден.