Во Кина доделени повеќе од 110 милиони дози вакцини, бројот на починати никогаш помал

пред 4 години

Кина во текот на вчерашниот ден даде околу 4,3 милиони вакцини против Ковид-19, со што го зголеми вкупниот број на вакцини дадени во таа земја на 110,96 милиони, стои во податоците објавени од Кинеската национална комисија за здравство.

Кина објави осум нови случаи на новозаразени со корнавирус, што е намалување во споредба со 15-те случаи регистрирани претходниот ден, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на Комисијата се додава дека сите нови случаи на заразени со коронавирус биле увезени од странство.

Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени случаи, падна на шест од 18 регистрирани .

Вкупниот број на потврдени случаи заразени со коронавирус во Кина сега е 90.190, додека бројот на смртни случаи остана непроменет, на 4.636.

Share
Scroll to Top