Русија ја регистрира вакцината „Спутник лајт“ која се дава во една доза

Русија ја регистрира вакцината „Спутник лајт“ која се дава во една доза

пред 5 години

Министерство за здравство на Русија ја регистрира за употреба вакцината „Спутник лајт“, која се дава во една доза, објави „ТАС С“. Ова е верзија на постоечката вакцина „Спутник“ која побрзо дава резултати.

Русија минатата недела објави дека завршила со клиничките испитувања на вакцината и сметаат дека тоа може да биде привремено решение за земјите со голема стапка на инфекција, објави „Ројтерс“.

Москва соопшти дека нејзината вакцина „Спутник 5“, која се дава во две дози, ќе остане главната верзија што се користи во Русија.

Share
Scroll to Top