Кампања на РСБСП: Полицајци им делеа на возачите маички со натпис „Стави појас“

пред 4 години

Отсекот за превенција при СВР Охрид со помош на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, го реализира сообраќајно-превентивниот проект „Стави појас“. На сообраќаен пункт поставен на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Подмолје, полициски службеници, на возачите на моторни возила им подарија маички со натпис „Стави појас“, миризливи освежувачи за автомобил и флаери со едукативна содржина и практични совети за поголема безбедност во сообраќајот.

Целта на оваа активност е зголемување на свеста и совеста кај возачите, за постојано користење на безбедносните појаси при управување со моторните возила а со тоа и зголемување на сообраќајната безбедност.

Share
Scroll to Top