Поранешната мис и манекенка, Вера Мештеровиќ, повторно ѝ се врати на модата. Освен реклами за сватски бренд, таа се појави во видеото „Нешто ме гони“ на култната ексју-група „Галија“, а и во спотот „Жена за милион години“ на Дарио Панковски.
Последното видео, кое деновиве осамна на социјалните мрежи, е видеоклип во кој таа е гола и секси, малку во кревет, малку во када со купка.
Вера подолго време беше отсутна од јавниот живот, а ѝ се врати на модата и во видеата по разводот од поранешниот фудбалер Игор Кралевски, со кого има две деца.