Американка има позитивен тест на Ковид-19 по втората доза вакцина од „Модерна“

пред 5 години

Жена од Лонг Ајленд, САД, добила позитивен тест на Ковид-19 во вторникот – повеќе од еден месец откако ја примила втората доза од вакцината на „Модерна“ наменета за заштита од вирусот, се вели во извештајот на „Њујорк пост“.

Мелани Розен, која работи како секретарка во училишниот кварт Хјулит-Вудмир, сметале дека по вакцинирањето со втората доза е безбедно да продолжи со нормалните активности без да носи маска.

Таа почнала да чувствува симптоми кратко време откако присуствуваше на бдеење – без маска – за таткото на еден пријател кој починал.

„ Таму веројатно имаше најмалку 10 членови на семејството. Се дружев околу час и половина без да носам маска. Се прегрнав со неколкумина од нив, “ вели Розен.

Розен добила затнат нос и болки во телото, особено во нозете. Подоцна дознала дека тројца членови на семејството кои присуствувале на бдеењето биле позитивни на Ковид-19.

„Бев шокирана“, вели Розен. „Јас сум во оние 4,9 отсто што ја добиле „Модерна“ и потоа се заразиле со Ковид”.

Share
Scroll to Top