Бразил откри нов вид на коронавирус во државата Сао Паоло, кој е сличен на оној пронајден во Јужна Африка Б.1.351, пренесува Ројтерс.
Според агенцијата, оваа вест денеска ја објавил Димас Ковас, претседателот на биомедицински институт .
Во Бразил веќе циркулира опасен сој на вирусот П.1 , што според претходните тврдења на научниците може да предизвика реинфекција кај луѓе кои имале Ковид-19 и тоа помеѓу 25 и 61 процент.