Пред точно 132. години за прв пат во Париз била отворена Ајфеловата кула, една од најпретпознатливите градби во светот.
Оваа челична гигантска кула е највисока во Париз, а втора по големина во Франција. Именувана е според нејзиниот архитект Густав Ајфел.
Кулата е висока 300 метри, а заедно со 24 метарската антена е висока 324 метри. Металната структура на Ајфеловата кула тежи околу 7.300 тони, а вкупната тежина е 10.100 тони.
Во зависност од температурата, врвот на кулата може да се помести, од сонцето до 8 cm, поради експанзијата на металот од страната кон сонцето.
Во времето кога била направена, во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена Крајслеровата зграда во Њујорк.
Одржувањето на кулата вклучува нанесување на 50 тони боја, во три нијанси на секои седум години, со цел да се спречи рѓосување.
Повремено бојата се менува, а моментално кулата е обоена во сива нијанса.
Секоја вечер оваа кула ја осветлуваат 20.000 светилки, а додека таа свети се вели дека кулата го носи својот “дијамантски фустан”.