Четири лица убиени во пукање во Калифорнија

пред 4 години

Четири лица загинаа, а едно е повредено во пукање во канцелариска зграда југоисточно од Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти рано утрово американската полиција.

Меѓу убиените е и едно дете за кое не е познато зошто бил во просториите на канцелариската зграда за време на инцидентот.

Напаѓачот е ранет како одговор на полицијата која излегла на местото на инцидентот.

Детали за мотивот за нападот не се познати.

Во напад на супермаркет во американската држава Колорадо минатата недела загинаа десет лица, додека во престрелка пред две недели во државата Џрџија загинаа осум лица.

Share
Scroll to Top